Кејт Мос на судењето откри дали Џони Деп ја турнал по скали

од Stefanija Kuzmanovska
418 прегледи

На судењето преку видео повик се приклучи и поранешната девојка на актерот и ја откри вистината.

Судењето меѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга трае со недели, а денеска еден од сведоците беше манекенката Кејт Мос.

Адвокатот на актерот ѝ постави неколку прашања.

„Што се случи на Јамајка кога бевте со Џони Депон?“, прашал адвокатот Бен Чу.

„Се лизнав по скалите и го повредив грбот и вреснав, а тој дотрча назад да ми помогне и ме однесе во мојата соба. Повика лекарска помош“, рекла Кејт Мос.

„Дали тој те турна по скалите?“, прашал адвокатот, на што поранешната девојка на Деп одговорила кратко и јасно: „Не“.

„Дали некогаш те турнал?“, прашал Бен Чу, на што Кејт Мос одговорила: „Никогаш не ме турнал, ниту ме удрил“.

Да потсетиме, причината за нејзиното сведочење е тоа што Амбер Херд ја спомена на судењето на почетокот на овој месец.

Имено, Херд ја спомна Мос кога раскажуваше за наводен конфликт меѓу Деп и нејзината сестра Витни. Актерката изјавила дека Деп замавнал со раката кон нејзината сестра, по што таа „веднаш се сетила на ситуацијата со Кејт Мос и скалите“, а потоа го удрила актерот.

Слични содржини