Кејт Винслет исполни желба на девојче кое ќе го изгуби видот

од Stefanija Kuzmanovska
368 прегледи

Британската актерка Кејт Винслет испрати донација и остави порака за Лили-Реј Меркант О’Хенлон (11) на веб-страницата GoFundMe, поставена од мајката на тинејџерката, Ема Меркант.

На Лили-Реј, од Нотингем, ѝ била дијагностицирана Старгартова болест, наследна состојба која предизвикува заматеност на средниот дел на окото. Состојбата погодува еден од 10.000 луѓе, наведе Macular Society, а тинејџерката користи бастун и учи Брајово писмо, пишува Би-Би-Си.

Мајката на девојчето организираше собирање средства за да ѝ се  помогне на Лили-Реј да ги види „работите кои сака да ги види“ пред да ѝ се влоши видот, а поларната светлина е на врвот на листата. Мајката и ќерката биле воодушевени кога добиле донација од 5.841 евро и лична порака од актерката.

„Бевме шокирани. Двете плачевме“, изјавила Лили-Реј. Таа додава дека се надева дека ќе го види светот со нејзината мајка пред да ѝ се влоши видот.

„Ѝ посакувам на Лили-Реј магични авантури за да може да направи многу посебни спомени! Со многу љубов, Кејт Винслет и семејството“, напишала актерката во пораката.

Слични содржини