Кејт Винслет проговори за нејзината борба со килограмите и траумите по „Титаник“

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Британската актерка Кејт Винслет се прослави како 22-годишна кога ја одигра една од најпознатите женски улоги – улогата на Роуз во култниот филм Титаник. Сепак, и тогаш наиде на бројни коментари кои денес би се нарекле „body shaming“.

Наместо да го прослави актерското достигнување што го постигнала како 22-годишна, Винслет се соочила со бројни негативни коментари за нејзиниот изглед во 1997 година.

Во едно интервју во 2022 година, таа откри дека и било советувано да се задоволи со улогите на „дебела девојка“ и признала дека како ранлива девојка и било тешко да ги гледа сите тие негативни написи.

„Кога бев помлада, мојот агент добиваше повици со прашање: „Колку тежи таа? Не се шегувам. Затоа, мило ми е што ова почна да се менува“, рече Винслет, признавајќи дека сега со задоволство би се справила со сите што имаат нешто негативно да кажат за нејзиниот изглед со зборовите: „Да не си се осмелил да се однесуваш со мене така. Јас сум млада жена, моето тело се менува, разбирам, длабоко сум несигурна, преплашена сум, не ми отежнувајте повеќе отколку што е веќе“.

Свесна дека денес разликите се подобро прифатени од било кога, таа изјави дека често слуша комплименти за нејзиниот сегашен изглед, но дека комплиментите често кријат критики.

„Погодете што – луѓето во светот околу вас велат: „Еј, изгледаш одлично! Сте изгубиле тежина!’ Така, дури и комплиментот за добриот изглед е поврзан со тежината. И тоа е една работа за која нема да дозволам луѓето да зборуваат“, рече актерката.

Денес, многу луѓе ја прашуваат дали нејзиниот убав изглед му го должи на Оземпик, а Винслет спремно одговори на Њујорк Тајмс: „Јас навистина не знам што е Оземпик“.

Популарната актерка наскоро ќе ја видиме во новата серија „Режим“ во која ќе ја толкува улогата на висок владин функционер и фактот дека никогаш не глумела во овој жанр, но и актуелната политичка ситуација во светот, за кој серијата зборува преку пародија, создава посебен предизвик за Британката.

Слични содржини