Поп-sвездата Кејти Пери неодамна имаше „виртуелен“ перформанс за промовирање на нејзината песна „Not the End of the World“, од новиот студиски албум. Сепак, поради нејзиниот изглед, за кој некои обожаватели велат дека личи на Адел, нејзината песна падна во втор план.
Имено, поради нејзината сличност со Адел, пејачката во еден момент целосно ги збуни обожавателите кои се прашуваа дали ја гледаат Адел или Кејти Пери?
Причините за ова се следниве.
Од 2017 година, Кејти Пери носи кратка коса, а сега стави перика која изгледа неверојатно слично на косата што ја има британската пејачка. Исто така, обожавателите наведуваат дека таа била многу слично нашминкана.
„Адел ти ли си? Неверојатно е колку личите. Мислев дека ова е Адел“, е само еден од коментарите под објавите на Кејти на Инстаграм.