
Британската сексбомба Кети Прајс никогаш немала задршки, но последните нејзини дејствија ги засени сите нејзини претходни настапи на јавно место. Разголената Џордан симулираше секс со својот личен фитнес тренер Крис Бојсон крај живописен водопад во Тајланд, каде има строг закон за голотија.
Кејти и Крис се заедно од скоро, откако таа се раздели со својот најнов сопруг Киеран Хејлер, кој ја изневери со неколку девојки.
40-годишната Џордан има слава на „почитувач“ на фудбалери, откако мината во креветите на речиси сите играчи во Премиер лигата во текот на годините, а во моментов има пет деца од тројца различни мажи.
Во мај на Островот дури имаше гласина дека се вратила кон фудбалерите и го „уловила“ 14-години помладиот од неа играч на Брајтон – Шејн Дафи.