Кели Кларксон пријавила непознат маж во полиција: И оставал необични подароци

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Пејачката Кели Кларксон (40) тврди дека близу нејзината куќа се појавувал чуден маж, неовластено влегувал во нејзиниот имот и и оставал несакани подароци, па решила во целата приказна да ја вклучи и полицијата, пренесува TMZ.

Полициски извори за TMZ изјавиле дека истиот човек во изминатиот месец доаѓал во домот на пејачката во Лос Анџелес и оставал разни предмети на нејзиниот трем.

Човекот оставал картички, растенија и други случајни работи како подарок за Кларксон, иако Кларксон на полицијата и кажала дека никогаш порано не го запознала и не знаела кој е тој.

Кели допрва треба да се соочи со натрапникот, но откако тоа се случило неколку пати, таа решила се да пријави во полиција, а сега одделот за закани во Полициската управа во Лос Анџелес се занимава со нејзиниот случај.

Полицијата смета дека однесувањето на мажот е многу загрижувачко. Се уште не знаат дали се работи за фан кој нема лоши намери или ситуацијата може да ескалира во нешто поопасно.

Слични содржини