Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, изјави дека загриженоста на Русија за проширувањето на НАТО кон исток е оправдана и дека Вашингтон не сака да ја види Украина во воениот сојуз предводен од САД.
„Тоа е оправдана загриженост“, изјави Келог за американската мрежа ABC, коментирајќи ги медиумските извештаи дека Русија сака писмена обврска дека НАТО нема да се шири кон исток за да ги вклучи Украина и другите поранешни советски републики, објави денес Ројтерс.
Келлог рече дека влезот на Украина во НАТО „не е на маса“.
„Рековме дека влезот на Украина во НАТО не е на маса за нас, и ние не сме единствената земја што го вели тоа знаете, веројатно би можел да ви набројам уште четири земји во НАТО, а ви требаат 32 од 32 за да можете да се приклучите на НАТО“, рече Келог.
Тој потврди дека „тоа е едно од прашањата што се очекува да ги покрене Русија“, пренесува Танјуг.
„Тие не зборуваат само за Украина, туку зборуваат за Грузија, зборуваат за Молдавија“, рече Келог, додавајќи дека одлуката за ставот на САД за проширувањето на НАТО зависи од претседателот на САД.
Келог рече дека редоследот на мировните разговори ќе вклучува обид за спојување на два меморандума составени од Украина и Русија во еден единствен документ, на разговорите во Турција во понеделник.
„Кога ќе стигнеме во Истанбул следната недела, ќе седнеме и ќе разговараме“, рече Келог, додавајќи дека советниците за национална безбедност од Германија, Франција и Велика Британија ќе се приклучат на дискусиите за меморандумот со САД.
Келлог додаде дека Трамп е „фрустриран“ од Русија затоа што видел „одредено ниво на неразумност“ во однесувањето на рускиот претседател Владимир Путин.
Тој ја критикуваше Русија за нејзините напади врз украинските градови и додаде дека ѝ рекол на Украина да се појави на разговори. Келог рече дека проценетиот број на мртви и повредени во војната во Украина, и од украинската и од руската страна заедно, достигнал 1,2 милиони.