Кемпбел проговори за малтретирањето на училиште: „Ме викаа Олива“

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Наоми Кемпбел, британска манекенка и супермодел, гостуваше во подкастот „Камбон“ и зборуваше за злоставувањето кое го доживеала како дете од други деца.

Иако денес во целиот свет е позната по својата убавина, таа призна дека не се чувствувала секогаш самоуверена и дека на училиште доживувала тешки моменти.

Оваа 54-годишна манекенка раскажа како децата ја исмевале нејзината висина и витката фигура. Ја споредувале со ликот Олива од култниот цртан филм „Попај“.

„Мојот врат е прилично долг, па се обидов да ги спуштам рамениците надолу за да го скратам. Се чувствував непријатно“, се сеќава Наоми, додавајќи дека и давале и разни други прекари.

Кога станала модел, според неа, научила да се бори за себе и храбро се борела против дискриминацијата што често ја доживувала.

„Секогаш би зборувала ако има нешто што е неправедно“, сподели Наоми.

Потсетуваме, легендарниот супермодел неодамна призна дека двете деца ги добила преку сурогат мајка. Имињата на децата и датумите на раѓање се непознати за јавноста.

Слични содржини