Кенеди ја одби понудата на Трамп: Еве која функција му предложил

од Симе Стоиков
314 прегледи

Независниот претседателски кандидат на САД, Роберт Кенеди Џуниор денеска објави дека ја одбил понудата за соработка на републиканскиот кандидат Доналд Трамп да биде негов потпретседателски кандидат.

– Претседателот Трамп ме нарекува ултралевичарски радикал. Толку сум либерален што неговите емисари ме замолија да му бидам потпретседател. Пристојно ја одбив понудата, изјави Кенеди на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека е против Трамп, и дека, според него, актуелниот претседател Џозеф Бајден не може да победи на изборите.

Слични содржини