Кепа е сè понезадоволен од неговата ситуација во Реал Мадрид и Шпанија

од Vladimir Zorba

Голманот Кепа Аризабалага е се понезадоволен од својата ситуација, а луѓето околу него тврдат дека тој целосно ја изгубил насмевката и станал „сенка“ на себе.

Голманот пристигна во Реал Мадрид на крајот од летниот преоден рок откако стартерот Тибо Куртоа заработи тешка повреда на коленото. На почетокот работите почнаа добро и тој беше стартер, но потоа се здоби со повреда на адукторот и го пропушти поголемиот дел од ноември.

Тоа го искористи Андреј Лунин, кој успеа да го измести од стартната позиција на голот на „лос бланкос“. Ова предизвика зголемен стрес кај Кепа, кој е играч на Челси.

Голманот е се пофрустриран бидејќи изгледа речиси невозможно Реал да го привлече на лето, а во исто време нема место во тимот на лондончани каде треба да се врати на лето.

Истовремено, голема е веројатноста да го загуби местото во составот на Шпанија за претстојното ЕП 2024 во Германија.

Слични содржини