Кеплер откри нови 1284 планети, од кои 9 може да имаат живот

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Огромно откритие од 1284 планети надвор од Сончевиот систем е направено преку телескопот “Кеплер”, соопштија од НАСА.4808604

Тоа фактички го дуплира бројот на екстрасоларните планети откриени досега преку огромниот телескоп, вели научникот од американската вселенска агенција Елен Стофан, цитирана од АФП.

“Тоа ни дава надеж дека некаде таму, околу ѕвезда како нашата, можеме да откриеме уште една земја”, изјави Стофан. Опсерваторијата “Кеплер”, која е целосно автоматизирана, скенира 150 000 ѕвезди за траги од други тела во орбитите од почетокот на нејзината работа во 2009 година.

Телескопот ги следи сенките во светлината на ѕвездите кои можат да се сигнал за преминувањето на кружни планети. “Од 5000 можни планети, повеќе од 3200 се потврдени, а 2325 се откриени од Кеплер”, гласи соопштението на НАСА. Од новите 1284, близу 550 можат да се карпести планети како Земјата, судејќи според нивната големина, дополнуваат од вселенската агенција. Девет од нив кружат во своја орбита околу сонцата. Тоа е растојанието од ѕвездата на кое површинските температури дозволуваат задржување на течна вода во базени. Вклучувајќи ги овие 9, вкупно 21 стануваат екстрасоларните планети на кои е можно да има живот.