Поранешниот заменик министер за надворешни работи на Бугарија Милен Керемедчиев за БНР изјави дека притисокот од САД врз Бугарија ќе се зголеми.
Запрашан дали претседателот Румен Радев има поинаква визија од лидерите на Продолжуваме со промената“ за односите на Бугарија со Република Северна Македонија, Керемедчиев изјави:
„Расположението во Бугарија е повеќе во согласност со ставот на претседателот Радев, но мораме да забележиме дека навистина следната година притисокот врз Бугарија, особено од САД, ќе биде исклучително силен. Има уште еден говор во американскиот Конгрес во оваа насока“.
За Крим и говорот на Румен Радев на дебатите со неговиот противкандидат проф. Анастас Герџиков пред вториот круг од изборите, Керемедчиев истакна дека ова е предизборна изјава за одреден електорат во Бугарија. Според него, реакцијата на Украина била нервозна бидејќи тамошните власти се чувствуваат предадени од САД и Европа. Керемедчиев истакна и дека тензиите со Турција околу изборите и гласањето на бугарските иселеници од Турција, не е преседан.