Кери Бредшо откри зошто Саманта не е дел од новата сезона на „Сексот и градот“

од Nikola Popovski
418 прегледи

Најавата дека серијата „Сексот и градот“ се враќа со уште една сезона предизвика возбуда кај обожавателите, но исто така разочара многумина затоа што еден од омилените ликови – Саманта Џонс нема да се појави во новите епизоди.

Сара Џесика Паркер објави тизер на својот Инстаграм профил, а многу фанови во коментарите напишаа дека серијата нема да биде иста без Ким Катрал, која го играше ликот на познатата Саманта.

Одговарајќи на коментарите, Сара рече дека постои едноставна причина за отсуството на Ким – таа „не била потребна“ за новата сезона.

Со оглед на тоа што порано се шпекулираше дека Сара и Ким не се согласуваат, многумина сметаат дека токму тоа е причината што Ким не е во новата сезона.

„Мило ми е што се враќате, но ќе ги недостасува Ким, односно Саманта“, напишал еден обожавател.

Сара на тоа одговорила: „И нас исто така. Толку многу ја сакавме“.

„Таа секогаш ќе биде тука. И ние сме толку возбудени“, напишала Сара како одговор на друг коментар.

Еден обожавател напишал дека можеби несогласувањето помеѓу двете актерки е причината зошто Ким нема да се појави.

„Не. Не е точно дека не ја сакам. Никогаш не го реков тоа. Никогаш. Саманта не е дел од оваа приказна. Но, таа секогаш ќе биде дел од нас. Без оглед каде сме и што правиме“, одговорила Сара.

Новата сезона ќе ги следи Кери, Миранда и Шарлот во нивните 50-ти години.

Снимањето треба да започне во Њујорк кон крајот на пролетта.

Слични содржини