208
Иако ја знаеме како Кери, популарната дама од Њујорк има малку поинакво име.
Четирите хероини станаа глобално популарни по емитувањето на серијата „Сексот и градот“.
Сепак, дури сега, во продолжението на хит серијата, беше откриено вистинското име на главниот лик, што ги изненади и најверните фанови.
Имено, во последната епизода од продолжението на серијата беше откриено дека ликот кој го толкува Сара Џесика Паркер е всушност Керолајн Бредшо.
Сите го запознаа главниот лик во 1998 година, кога серијата првпат се емитуваше, како Кери.