Поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации Срѓан Керим го коментираше рускиот напад врз Украина.
Керим рече дека нема да биде доволно воведувањето на економски санкции што ги најавија западните земји бидејќи санкциите се селективни и додаде дека се требало да се реши по дипломатски пат.
„Потребно беше да се најде начин да се постигне договор меѓу Русија и Западот преку дипломатија, бидејќи тие преговараа. Украина сега е колатерална жртва и ќе ја плати целата сметка. Тоа е навистина трагично“, изјави Керим за Дневник.хр.
Што се однесува до позицијата на Кина, која застана на страната на Русија во конфликтот, Керим рече дека нивото на недоверба меѓу Кина и Русија од една страна и САД и Западот од друга страна достигна критични размери.
„Тоа води до нарушување на целиот меѓународен поредок и меѓународни односи. Мора да се вратиме на она што е секогаш вистинското решение во вакви ситуации, а тоа е дипломатијата. Мора да седне на маса и да разговара за тоа што сака секоја страна и треба да се постигне некаков договор. Секој договор е подобар од војна“, рече Керим.