Актерот Брус Вилис (67) се прости од актерството откако му беше дијагностицирана афазија, нарушување кое влијае на неговите когнитивни способности.
Откако неговото семејство ја објави таа тажна вест, актерот добива само поддршка и убави зборови од обожавателите.
Неговата најстара ќерка Румер Вилис (33) повторно ги разнежни сите со објава на Инстаграм.
„Тато“, напиша накратко Румер во описот на објавата.
Да потсетиме, веста дека легендарниот Брус Вилис го напушта актерството по 40 години кариера поради здравствени проблеми растажи милиони негови обожаватели ширум светот. Лекарите му дијагностицирале афазија, која влијае на неговите когнитивни способности.
Актерот беше виден како користи слушалки во увото на сетот во 2015 година за време на неговото деби на Бродвеј во „Misery“. Извор близок до актерот потврди дека тој сериозно настрадал во 2019 година за време на снимањето на филмот „Glass“ во режија на М. Најт Шамалан, како и на бројни други проекти во последните години.
Минатиот месец семејството објави дека на актерот му била дијагностицирана афазија, поради што и тој решил да се повлече од актерството.
– На неверојатните обожаватели на Брус и оние кои го поддржуваат, сакавме како семејство да споделиме дека нашиот сакан Брус има некои здравствени проблеми и дека неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на ова и со многу размислување, Брус одлучи да се пензионира и да ја остави кариерата, што толку многу му значеше, зад себе. Ова е навистина предизвикувачки период за нашето семејство и ние сме многу благодарни за вашата љубов, сочувство и поддршка. Низ ова поминуваме како силна семејна заедница и сето тоа сакавме да им го откриеме на неговите фанови бидејќи знаеме колку тој ви значи, како што вие му значите него. Како што Брус секогаш вели „живи“ и заедно планираме да го направиме токму тоа. Со љубов, Ема, Деми, Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин – стои во објавата на ќерката на Брус, Румер на Инстаграм.