Ќерките на Карлеуша добиваат ужасни закани поради Zvezde Granda

од Stefanija Kuzmanovska
573 прегледи

Во скандалот што одекна во јавноста претходните денови, а се однесува на дисквалификација на натпреварувачката во Zvezde Granda Вања Кнежевиќ, беа вовлечени и малолетните ќерки на Јелена Карлеуша – Атина (12) и Ника (11). Девојчињата на социјалните мрежи добиваат вознемирувачки закани и навреди од оние кои се на страната на Zvezde Granda во овој инцидент.

Под објавите на Атина и Ника, луѓето сега масовно пишуваат ужасни коментари и закани кон нив, обраќајќи им се на нив и нивната мајка со погрдни имиња.

Поради суровоста кон содржината испратена до девојчињата, кои не се дел од музичкиот натпревар, не се дел од јавната сцена, ниту пак имаат врска со дисквалификацијата на споменатата натпреварувачка, а притоа и се малолетни, „Нова.рс“ ги филтрираше коментарите и ги пренесе само „поблагите“ содржини, кои се прилично вознемирувачки.

„Ти посакувам Јелена, секоја солза на Вања да се враќа на твоите деца“, „Смири се, имаш 12 години, ку**а како мајка ти“, „Кажи ѝ на мајка ти дека е ку**а“, „Имаш гад за мајка, макар ти учи за нејзините грешки “,„Изгледа како нејзината мајка пред операцијата, а таа ги коментира децата на други луѓе, наместо да се занимава со своите“, се некои од скандалозните коментари.

„Зошто не ги коментираш грдоста и дебелината на твоите деца, како што знаеш за учесниците на натпреварот да го одврзеш јазикот? И така двете деца ти се грди, погрди не можат да бидат, еднава е дебело како бумбара, а другата, кога ќе се погледне во огледало, стаклото се крши“,„Жирафа, одвратно, офарбај се црно, можеш да ја играш Олива во циркус“, исто така, се некои од коментарите под фотографиите на Атина и Ника.

Да потсетиме, Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана од Zvezde Granda со одлука на продукцијата, на барање на Карлеуша, откако сподели навреди на сметка на Јелена. По објавите на Вања на социјалните мрежи и изјавите за медиумите, Карлеуша најави дека ќе поднесе кривична пријава против Кнежевиќ, бидејќи се чувствува загрозена.

Слични содржини