Поп-sвездата Кети Пери, како гостинка на ТВ-шоу, ги изненади фановите со својата изјава, кои сметаа дека пејачката очекува близнаци.
Реченицата „Јас сум многу зафатена идна мајка. Ќе имам две бебиња наскоро“, таа всушност се осврна на бебето и новиот студиски албум, кој го нарече „свое дете“.
Кога сфати како ја изговара реченицата, таа бргу и објасни на публиката што точно значи.
„Не е тоа што мислите. Всушност, моето второ бебе е претстојниот албум „Smile“, кој излегува на 28 август. Јас сум многу среќна што го донесовме целиот албум при крајот и што во моментов работиме на крајните финеси. Мојот нов албум би го опишал како симбол на надеж, радост и свое патување низ пеколот“, рече Кејти, додавајќи дека албумот „Smile“ го добил името по фактот дека во моментот е во период кога не ја симнува насмевката од лицето.