Кетрин Хејгл за сцената од која се срами: „Треба да се премота“

од Stefanija Kuzmanovska
349 прегледи

Кетрин Хејгл е најпозната по улогата во хит серијата „Вовед во анатомија“, а серијата ја напушти поради несогласувања со продукцијата. Таа денес отворено зборува за нивниот конфликт, но признава и дека има одредена сцена која не би сакала да им ја покаже на своите деца.

Хејгл беше вистинска миленичка на публиката, а нејзината улога на Изи Стивенс ја издигна до небо, па стана омилена ѕвезда на романтичните комедии како „Засекогаш деверуша, никогаш невеста“. Иако нејзината слава беше на врвот, актерката беше проследена со лоша репутација поради нејзината личност и беше наречена „дива“. Сепак, улогата во „Вовед во анатомија“ е заслужна за статусот што го има денес, а актерката неодамна зборуваше за таа улога.

Таа учествуваше во серијата од првата до шестата сезона, а нејзиниот лик на симпатичната Изи многумина го сакаа, а развојот на нејзината животна приказна го следеа со возбуда.

Во своето последно интервју за Variety, актерката откри дека постои една сцена која сè уште ја смета за проблематична. Станува збор за сцената во петтата сезона кога веќе болната Изи под дејство на дрога почнува да халуцинира и нејзиниот поранешна љубов Дени почнува да и се појавува. Го чувствува неговото присуство, често ја поддржува, а на крајот има халуцинација во која води љубов со него и тоа се е многу експлицитно.

„Чувствувам дека ќе има сцени во кои би ми било непријатно да седам покрај ќерка ми и да ги гледам. Има неколку каде што би рекла: „Можеби треба да го премотаме овој момент“, коментира таа за сцената со секс со дух.

Слични содржини