369
Наскоро на Netflix ќе започне да се емитува серијата наречена „Wednesday“ (среда), базирана на познатата франшиза „The Addams Family“.
Љубителите на црниот хумор и специфичните ликови сигурно ќе најдат нешто по свој вкус.
Мортиша Адамс ја игра холивудската актерка Кетрин Зета Џонс, а судејќи по промотивните фотографии, „мрачниот“ изглед одлично и прилега.
Таа заедно со колешките позираше во тесен црн фустан со широки ракави и црна перика.
Со оваа улога, Зета Џонс тргна по стапките на актерката Анџелика Хјустон, која ја играше мајката на Среда во два филма за семејството Адамс од 1990-тите.