Кетрин Зета Џонс изгледа беспрекорно покрај 16годишната ќерка

од Elena Daskalova
375 прегледи

Актерката Кетрин Зета Џонс ја имаме гледано во многу модни кампањи, а сега своетo искуство го покажа во големата кампања за италијанскиот бренд Фенди, кој истовремено ја ангажираше и ќерка ѝ Керис Даглас (16).


Двете убавицi подготвено позираа за оваа кампања која воодушевува со елеганцијата и луксузните ноти поради моделите и материјалите. Со својот близок однос, нежни погледи, но и генитe кои од 50годишната актерка ги наследи младата тинејџерка, Кетрин и Керис ја комплетираа оваа модна приказна.
Славната оскаровка и ќерка ѝ повеќето сцени ги снимаа на улиците од РИм па за нив две ова беше едно ново и незаборавно искуство.
Кетрин со Мајкл Даглас го има и синот Дилан (19) кој за разлика од Керис е многу по див. Татко му во едно интервју го опиша како вистински тинејџер кому му вријат хормоните.

Слични содржини