Комичарот и актер, Кевин Харт отсекогаш тренирал вредно, но на 42-годишна возраст го донесе своето тело во животна форма. Благодарение на подготовките за филмот Borderlands, во кој тој глуми војник, Харт се претвори во акционен херој.
За да го постигне ова, тој тренирал со припадници на американската морнарица и минатата недела покажа резултати.
„Јас сум при крај на снимањето и морам да бидам искрен … Воодушевен сум од работата што ја направив тука во Будимпешта. Нашата екипа и продукцискиот тим беа за 5. Благодарност до сите што ми помогнаа да се подготвам за оваа улога, вредеше “, објави тој преку Инстаграм и објави фотографија на која позира без маица и го покажа извајаното торзо и силните раце.
Харт има канал What the Fit на YouTube, каде испробува разни спортови и тренинзи со неговите познати пријатели.