Само еден месец откако преживеа страшна сообраќајна незгода, во која се здоби со две скршеници на рбетот, Кевин Харт се враќа на работа.
Четириесетгодишниот актер продолжи да го снима продолжението на „Џуманџи“ во кој настапува покрај Двејн Џонсон, Дени Девито и Дени Гловер. Продуцентите и екипата биле среќни што повторно го гледаат на снимање.
Стендап комичарот се здоби со сериозни повреди откако со неговиот автомобил, инаку репариран стар модел на плимут баракуда, од 1970 година, излета од патот и се судри во дрвена ограда.
Со него во автомобилот беа неговиот пријател Џеред Блек, со свршеницата Ребека Брокстерман која седела на задното седиште. И двајцата беа повредени, а наводно сега сакаат да го тужат актерот, бидејќи неговиот автомобил немал соодветни безбедносни заштити меѓу кои и воздушни перничиња, поради што и тие се здобиле со сериозни повреди.
Кевин автомобилот го репарираше за себе, како роденденски подарок, но иако му било предложено да стави соодвеетна заштита при сообраќајки, тој одбил бидејќи сакал да биде што поавтентичен автомобилот на оригиналот.