Кевин Костнер огорчен: Поранешната сопруга не сака да го напушти нивниот дом

од Stefanija Kuzmanovska
703 прегледи

По 18 години заедно, сопругата на Кевин Костнер реши да поднесе барање за развод од познатиот актер. Иако целата работа беше шокантна за Костнер, изворите открија дека неговата Кристин Баумгартнер долго време е несреќна бидејќи ниту таа ниту семејството не добиваат доволно од неговото време, кое тој премногу често го поминува на филмскиот сет. Напуштениот Костнер наводно бил изненаден, но сега е лут бидејќи неговата поранешна сопруга не се согласува да го напушти нивниот заеднички дом, па сега побарал помош од судот.

Според условите од нивниот предбрачен договор, Баумгартнер веќе требало да го напушти нивниот дом. Според судските поднесоци, Костнер е единствениот сопственик на трите семејни домови, а според предбрачниот договор што го договориле кога се венчале во 2004 година, Баумгартнер се согласила да ги ослободи тие имоти во случај на развод.

Од 1 мај, кога го потпишала барањето, имала рок од 30 дена да го напушти домот на Костнер, но не го сторила тоа. Костнер верува дека таа прави се за тој да и даде уште повеќе пари.

Имено, Костнер на својата поранешна љубов веќе и подарил 1,45 милиони долари според условите на предбрачниот договор со кој и биле обезбедени доволно средства да си најде ново место за живеење, но тоа не и е доволно.Тој смета дека Баумгартнер останала во куќа да го убеди да се согласи со финансиските услови што таа ги поставува по нивното разделување.

Сепак, Костнер се согласил да плати уште 10.000 долари за нејзините трошоци за селење, а обезбедил и голема сума алиментација за нивните деца. Имено, во бракот со Кристин имал уште три деца, а за изнајмување куќа е подготвен да плаќа и по 30 илјади долари месечно како дел од обврските за издршка.

Се шпекулира за причините за разделбата, а извори укажуваат дека неговата работа пресудила. „Кевин не беше дома долго време и сето тоа поради снимањето. Снимањето на ‘Yellowstone’, како и други проекти, му зеде многу. Тој се посветил целосно на тоа“, рекол изворот.

Слични содржини