Претставничкиот дом на САД ќе отвори формална истрага за импичмент на претседателот Џо Бајден, републиканецот Кевин Мекарти, кој е претседател на овој законодавен дом.
Тој рече дека истрагата ќе се фокусира на „наводите за злоупотреба на моќ, опструкција и корупција“ на Бајден, кој е од редовите на Демократската партија.
Републиканците, кои сега тесно го контролираат Претставничкиот дом, го обвинија Бајден дека профитирал додека бил потпретседател од 2009 до 2017 година од странските деловни потфати на неговиот син Хантер Бајден, иако тие досега не презентираа докази.
Бајден, кој го победи Трамп на изборите во 2020 година, бара реизбор следната година.
– Ги упатувам нашите комисии на Претставничкиот дом да отворат формална истрага за импичмент на претседателот Џо Бајден, им рече Мекарти на новинарите. Ќе одиме таму каде што ќе не одведат доказите.