Меколи Калкин беше најголема детска ѕвезда во деведесетите и близок пријател на Мајкл Џексон, за кого се повеќе луѓе тврдат дека е педофил.
Во документарецот „Leaving Neverland“ за наводните злосторства прозборија две негови жртви, Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, кои раскажале дека кралот на попот сексуално ги злоставувал додека биле деца.
Во таква врска со Џексон често беше доведуван и Меколи Калкин, а актерот сега се одлучи да ја раскаже вистината за својот однос со пејачот. Калкин дал интервју за Ексвајер и одговорил на прашање кое ги мачело сите медиуми.
„Вака, ќе започнам веднаш со една вистина – никогаш ништо лошо не ми направил. Никогаш не сум го видел дека прави нешто лошо. Немам зошто да ја кријам вистината, особено сега кога се зборува за тоа, а тој е мртов“, започнам Калкин.
„Сега е вистинско време да прозборам и ако имав што да кажам, би кажал сега. Никогаш ништо лошо не ми наравил и не сум го видел да прави нешто лошо“, повторил Калкин.
Калкин во интервјуто раскажал дека го сретнал актерот Џејмс Фрнак откако излегол документарецот за злоставувањата на Неврленд, а актерот го прашал што мисли за тоа и дали би сакал да разговара за Џексон. Калкин одбил.
Калкин и Џексон се запознале откако момчето станало познато преку филмот „Сам дома“. Тој глумел во неговиот спот „Black and White“ и често престојувал на неговиот имот Neveland. Последен пат се виделе во 2005 година, на судењето на Џексон за педофилија.