Актерот Кевин Спејси во четврток ќе се појави на суд во Велика Британија. Тој е обвинет за четири точки за сексуален напад врз тројца мажи, соопшти полицијата.
Спејси на почетокот на јуни изјави дека доброволно ќе се појави на суд „бидејќи сака да ја докаже својата невиност“.
Тој рече дека е „убеден дека може да ја докаже својата невиност“ во однос на обвиненијата против него од страна на тројца мажи и го цени тоа што државниот обвинител Розмари Ејнсли ја потсети јавноста дека има право на правично судење.
Kevin Spacey said he plans to "voluntarily appear" before British courts to defend himself against four charges of sexual assault authorized against the actor last week. https://t.co/EPP09HmzzH
— Good Morning America (@GMA) May 31, 2022
Актерот е обвинет за инциденти кои наводно се случиле во Англија меѓу 2005 и 2013 година, а полицијата започна истрага по обвинувањата од 2017 година. За недолично однесување го обвинија и колегите од сетот на серијата „Куќа од карти“ во која тој ја загуби главната улога по судските процеси. Тој мораше да плати отштета од 31 милион долари на продуцентите на серијата.
Да потсетиме, актерот во 2020 година призна дека е геј откако беше обвинет за сексуално вознемирување на двајца мажи.