Пред осум години на 20 јануари, се одржа големиот протест на новинарите за поддршка на нивниот колега, Томислав Кежаровски, кој беше притворен и осуден од страна на режимот на Никола Груевски.
За одбележување на годишнината од протестот, Кежаровски на социјалните мрежи напиша дека токму ова „новинарско востание“ беше тоа што го турна на колена „боксерот“ Груевски.
„Новинарското востание го турна на колена. Онака во гроги продолжи со борбата. На крајот се случи тоа, прецизен ‘директ’ од кој никогаш повеќе не се оправи и не си дојде на себе, следуваше големиот протест на 20 јануари 2016…Тоа беше неговиот крај“ напиша Кежаровски.
Тој пишува дека со одлуката да биде притворен, „боксерот“ Груевски си потпиша капиталиција и ја донесе најпогрешната одлука во кариерата.
„’Боксерот’ потценувајќи ме, влезе во рингот со спуштен гард. Неколку дена по носењето во притвор, до тогаш супериорниот Коле, прими удари, но реши да оди до крај. Не му идеше умот. Од неговиот агол ја донесоа веројатно најпогрешната одлука во нивната кариера, нивниот штитеник да го продолжи мечот’’, напиша Кежаровски.
Новинарот пишува протестот на новинарите покажа што може да се стори, кога се сака.