КФОР: Продолжуваме да ја следиме ситуацијата, подготвени сме да одговориме доколку е потребно

од Vladimir Zorba
309 прегледи

Меѓународните мировни сили на Косово (КФОР) денеска соопштија дека продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата во Бањска по нападот врз припадниците на косовската полиција во кој беше убиен еден полицаец.

Како што пренесе Бета, командата на КФОР соопшти дека војниците на оваа воена организација се присутни на подрачјето на Бањска и нејзините припадници се подготвени да одговорат доколку има потреба.

– Косовската полиција, како линија која прва реагира во вакви ситуации, има примарна одговорност за справување со инцидентот на терен. Командантот на КФОР е во близок и континуиран контакт со сите меѓународни актери, вклучително и со Европската унија (ЕУ), началникот на Генералштабот на српските вооружени сили и институциите на Косово и интензивно работи на изнаоѓање излез од оваа ситуација, напиша командата на КФОР во соопштението испратено до медиумите.

Тие додаваат дека мисијата КФОР предводена од НАТО најостро го осудува нападот врз косовската полиција и упатува најдлабоко сочувство до семејството на загинатиот.

Слични содржини