КФОР: Страните на Косово да овозможат слобода на движење, решение да се бара преку дијалог

од Stefanija Kuzmanovska
146 прегледи

Командантот на КФОР, Анџело Микеле Ристуча денеска изјави дека мисијата ги повикала сите страни во Косово, како што рече, конструктивно да се ангажираат за да се овозможи безбедност и слобода на движење и посочи дека решението на ситуацијата треба да се бара преку дијалог.

„КФОР внимателно ја следи ситуацијата на северот на Косово. КФОР има полн капацитет, вклучително и персонал, да обезбеди безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници, низ територијата на Косово, според неговиот мандат заснован на Резолуцијата на Советот на безбедност на ОН 1244 од 1999 година“, изјавил Ристуча за N1.

Тој додаде дека КФОР го зголемил своето присуство од октомври, вклучувајќи ги и дополнителните војници и патроли оваа недела во северниот дел на Косово.

Слични содржини