Корејска Kia планира да влезе во светот на електричните комерцијални возила, па ќе ги лансира своите први концепти на електрични комбиња на саемот CES во јануари 2024 година.
Електричните комбиња на Kia се колективно познати како PBV (Platform Beyond Vehicle).
Најновата објава, која ги потврдува плановите за CES, вели дека брендот ќе зборува за своите намери за во иднина. Ова ќе вклучува хардвер како „Swap Technologies и Dynamic Hybrid Modularization“ и софтверски решенија.
Има две платформи, што значи дека постои можност да се изберат различни големини на комби. Двете платформи се нарекуваат ES и EM и се дизајнирани во стил на „скејтборд“, што значи дека можат да се истегнуваат и прилагодат. Како што сугерира сликата на тизерот, тоа значи дека од двете платформи може да се добијат мали, средни и големи комбиња. Има и помало возило, кое по големина и стил е слично на Ami на Citroen. Сепак, повеќе ќе бидe откриенo на CES во јануари 2024 година.
Комбето со средна големина се очекува да биде првото што ќе биде изградено (во текот на 2025 година), што има смисла со оглед на важноста на овој пазарен сектор. Тоа значи дека Kia напаѓа модели како Ford Transit Custom.
Извори на Kia велат дека поголемото комбе ќе се фокусира на логистика, испорака на свежа храна и транспорт на патници, за што ќе биде потребно повеќе од обично комбе. Може да има место и за електричен пикап.