Кичевски: Молк на панаѓурот од шпицниот градоначалник Мицкоски за катастрофата што ВМРО-ДПМНЕ ја создаде во Скопје

од Destan Jonuzi
169 прегледи

За една година локална власт во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во градот, немаат реализирано ниту еден проект а јавните претпријатија се на раб на функционалност. Партискиот панаѓур на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски се најсилна потврда за оваа катастрофа што ја создадоа во главниот град, истакна на денешната прес-конференција Васко Кичевски, претседател на градска огранизација СДСМ – Скопје.

„Наместо бесплатен превоз во Скопје се случи да нема превоз. Наместо еколошки автобуси не работат ниту тие што ги има. Наместо развој и модерно Скопје гледаме стагнација и уназадување на главниот град. Ете тоа е резултатот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и на шпицниот градоначалник Мицкоски. На партискиот панаѓур не слушнавме ништо за тендерот од 136 милиони евра и провизии за кои се испокараа. Ги нема електричните автобуси кои токму Мицкоски во името на нивната градоначалничка Данела Арсовска ги најавуваше на сличен настан. Ја нема ниту фабриката за производство на автобуси што лично тој во име на Град Скопје ги најавуваше“, додава тој.

Не кажа Мицкоски, вели Кичевски, ниту до каде е реконструкцијата на Универзална сала, проект готов оставен од минатата локална власт.

Шпицниот градоначалник, како што додава, молчеше и за изградбата на мостовите на булевар АСНОМ и улица Љубљанска, кружниот тек кај Момин поток, патот за Визбегово и други проекти наследени од СДСМ и игнорирани од ВМРО-ДПМНЕ.

„Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалници кои за една година ги запоставија општините, ги партизираа општинските администрации и ги зголемија цените на комуналните услуги. Во таа неспособност предничи Данела Арсовска која за една година го уназади Градот, не реализираше ниту едно ветување и создаде колапс во јавните претпријатија“, потенцира Кичевски.

Слични содржини