Киднаперите убиени, ослободени заложниците во истражниот затвор во Ростов на Дон

од Vladimir Zorba

Киднаперите кои ги држеа заложниците во истражниот затвор во Ростов на Дон се ликвидирани, а заложниците се ослободени, соопшти руската Федерална поправна служба.

„За време на специјалната операција за ослободување на заложниците во истражниот затвор број 1 на Федералната казнено-поправна служба на Русија во Ростовската област, криминалците беа елиминирани, а вработените кои беа држени како заложници беа ослободени и не беа повредени. се вели во соопштението, а пренесува РИА Новости.

Агенцијата наведува дека пред тоа две амбулантни возила пристигнале во истражниот затвор во Ростов на Дон, каде што претходно биле земени заложници и се слушало пукање.

Слични содржини