СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.А. (27) од Косово и против непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 29.03.2016 година, во 04.30 часот додека Д.М. (29) од Подгорица, Р. Црна Гора и К.Ц. (20) од Кичево излегувале од угостителски објект лоциран покрај патот за с. Брвеница, биле пресретнати од пријавените. Истите им понудиле 50 евра да отидат со нив во нивниот стан, а откако ги одбиле, насилно ги однеле во стан каде ги држеле заклучени обидувајќи се да извршат полови дејствија врз нив.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.И. (45) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Пријавениот на 19.03.2016 година, околу 13.15 часот во Куманово на ул. „Октомвриска револуција“со употреба на физичка сила извршил разбојништво над оштетениот М.Т. (75) од Куманово.
Разбојништво врз жена, шверц на мигранти, пронаден починат старец, пронајдена граната…
РЦ за ГР Север поднесе кривична пријва против К.Б. (73) од Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот на 23.03.2016 година, во 23.40 часот на ГП „Табановце“ при пасошка контрола приложил фалсификувана албанска патна исправа во која имало механичка корекција на две страни на кои имал забрана за патување во земјите на ЕУ и во Црна Гора. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка претпазливост.
