Киднапирана позната манекенка: Со неа земени сопругот и нивното 11-годишно дете

од Vladimir Zorba
272 прегледи

Лусијана Куртис, позната манекенка, нејзиниот сопруг фотограф Енрике Жендре и нивното 11-годишно дете биле киднапирани и држени во заложништво 12 часа во Бразил, пренесе Fox News. Инцидентот се случил во средата вечерта.

„Вооружени криминалци им пришле на жртвите пред ресторан и ги земале како заложници“, се вели во соопштението на бразилската полиција, пренесува „Њујорк пост“, повикувајќи се на локални извори.

Лусијана, која има 47 години и е родена во Бразил, била на насловните страници на модните списанија како Marie Claire и Cosmopolitan, а има работено и со познати личности. Таа има домови во Њујорк, Лондон и Бразил.

Семејството било насилно внесено во нивниот автомобил од киднаперите по вечерата во луксузниот дел на Сао Паоло. Тие биле однесени во барака на периферијата на градот, во која имало само душек, тоалет и мијалник, каде што биле држени во текот на една ноќ, јавуваат локалните медиуми.

Тие биле ослободени рано во четвртокот откако киднаперите подигнале пари од нивните банкарски сметки.

-Покрената е потрага од специјализирани полициски екипи, но бандата го ослободила семејството и побегнала – навела полицијата, пренесува „Пост“.

Најстарото дете на парот, кое не било на вечера со семејството, ја известило полицијата кога тие не се вратиле дома во средата навечер.

– Семејството е ослободено и тие се добро – изјави претставникот на семејството за локалните медиуми.

Се уште никој не е уапсен.

Слични содржини