227
Според главниот обвинител на Украина, во денешните масовни руски ракетни напади врз неколку области на Украина загинале најмалку 16 лица, а 97 се ранети.
Во коментар на социјалните мрежи, јавниот обвинител Андриј Костин рече дека „Русија продолжува да напаѓа цивили“, додавајќи дека меѓу 97-те ранети има две деца.
Тој додаде дека има значителни штети на некои станбени згради, училишта и болници.