Киев доби 10 проценти од потребното оружје од Западот

од Nikola Popovski
230 прегледи

Заменик-министерката за одбрана на Украина Ана Маљар денеска изјави дека Киев од Западот добил само 10 проценти од оружјето што му е потребно.

– Колку и да вложи напор Украина, нема да можеме да ја добиеме војната без помошта на Западот. Добивме само 10 проценти од она што го кажа Украина, од она што ни треба, изјави Маљар за украинскиот канал ТВ 24, пренесува РИА Новости.

Претходно, министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников изјави дека првичното барање на украинските војници за артилерија на НАТО од калибар 155 мм е исполнето 90 отсто.

Според него, расположливото оружје би било доволно за Киев да се бори против која било војска во Европа, но не и против руската.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека секој товар што содржи оружје за Украина ќе стане легитимна цел за Русија.

Прес-секретарот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков, истакна дека „пумпањето“ на Украина со оружје од Запад не придонесува за успех на руско-украинските преговори и дека тоа ќе има негативен ефект.

Слични содржини