Киев ги осуди руските тврдења дека Украина планира напад со „валкана бомба“

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Украина ги осуди неоснованите тврдења на Русија дека Киев може да употреби „валкана бомба“ – конвенционален експлозив помешан со радиоактивен материјал.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека тоа значи дека Русија би можела да подготвува напад од ваков вид.

Сојузниците на Украина исто така ги отфрлија тврдењата, а Белата куќа објави дека ги отфрлиле тврдењата дека Украина може да користи таква бомба.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во разговор со неговиот британски колега Бен Валас спомна дека Украина може да употреби „валкана бомба“, пишува Би-би-си.

Тој рече дека е „загрижен поради можните провокации од Киев кои вклучуваат употреба на валкана бомба“.

Во неделата, рускиот министер за одбрана оствари и серија телефонски разговори со министрите за одбрана на САД, Франција и Турција, изразувајќи ја загриженоста на Москва. Тој не достави докази за да ги поткрепи наводите.

Како одговор, претседателот Зеленски ја обвини Русија дека е „изворот на сè валкано што може да се замисли во оваа војна“.

Тој рече дека Русија му се заканува на светот со „радијациона катастрофа“ во нуклеарната централа Запорожје што ја заплени, а зборуваше и за заканите на Москва дека ќе ја детонира големата брана во јужна Украина, обвинение што Кремљ го негира.

Слични содржини