Украина денеска одлучи да ги прекине дипломатските односи со Северна Кореја, откако Пјонгјанг ги призна самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганска Народна Република (ЛНР), соопшти украинското Министерство за надворешни работи.
„Оваа одлука ја гледаме како обид на Пјонгјанг да го поткопа суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува Тас С.
Лидерот на ДПР Денис Пушилин денеска изјави дека признавањето на Пјонгјанг е „уште една победа на дипломатијата“ на таа територија.
„Меѓународниот статус на Доњецката Народна Република и нејзината државност продолжуваат да се зајакнуваат. Ова е уште една победа на нашата дипломатија“, објави Пушилин на Телеграм, пренесува РИА Новости.
Според неговите зборови, оваа одлука ќе биде основа за натамошен развој на односите со Северна Кореја, меѓу другото и во економската сфера.