Киев им ја укина акредитацијата на некои западни новинари, меѓу кои и на Си-Ен-Ен и Скај њуз

од Vladimir Zorba
122 прегледи

Украинската војска им ги укина акредитациите на неколку западни новинари по нивното известување од неодамна повторно заземената област Херсон, соопштија официјални лица во понеделникот.

„Неодамна, некои претставници на медиумите ги игнорираа постоечките забрани и предупредувања и почнаа да известуваат од Херсон без согласност на воените команданти и релевантните сектори за односи со јавноста, дури и пред да бидат завршени мерките за стабилизација“, напиша Генералштабот на Фејсбук, објаснувајќи ја мерката.

Останува нејасно за кои новинари станува збор.

Според извештаите на медиумите, најмалку шест дописници на Си-Ен-Ен и Скај њуз ја изгубиле акредитацијата.

Според украинскиот медиумски портал „Детектор.медиа“, на двајца новинари од украинскиот интернет канал „Хромадске“ им биле одземени и воените ингеренции поради известување од Херсон.