Киев ќе ги прекине дипломатските односи со Москва: „Требаше да го сториме уште во 2014“

од Nikola Popovski
254 прегледи

Дипломатските односи со Руската Федерација требаше да бидат прекинати во 2014 година, Киев ги анализираше последиците и смета дека таквата одлука сега е во интерес на Украина, изјави во вторник министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

„Мислам, и секогаш мислев така, дека тоа требаше да се направи во 2014 година, но, за жал, тогаш не беше усвоено. Сега ги анализиравме сите можни последици и сценарија од развојот на настаните во случај да донесеме таква одлука и заклучивме дека таа е навремена и добро осмислена и дека одговара на интересите на Украина“, рече Дмитриј Кулеба на прес-конференција.

Според него, отповикувањето на вршителот на должноста од Руската Федерација значи дека односите меѓу Руската Федерација и Украина „потонале под дното“.

Киев бара повеќе санкции

Кулеба им се заблагодари на западните партнери за санкциите против Русија за одлуката за признавање на ДНР и додаде дека треба да се воведат нови санкции.

„Зборуваме и за санкции. Клучната работа што партнерите можат да ја направат во моментов е да почнат да применуваат санкции против Руската Федерација. Гледате дека работата на претседателот и дипломатијата дава конкретни резултати. Буквално вчера почнаа да се појавуваат првите одлуки. Денеска ќе има повеќе. Ќе се применуваат санкции против Русија. Ова е првиот бран на санкции… Официјално им се заблагодарив на колегите… Но, потребни се повеќе санкции“, рече Кулеба на брифинг од Вашингтон, кој беше емитуван на ТВ каналот „Украина 24“.

Слични содржини