205
Украинската влада денеска одобри указ со кој целиот руски имот на територијата на Украина се префрла на државата, односно на државното претпријатие „Национален инвестициски фонд“.
Премиерот Денис Шмихал на својот Телеграм канал изјави дека Киев ќе земе се што има Русија во Украина и ќе го искористи за зајакнување на армијата, поддршка на народот и обнова на земјата.
– И претседателот и владата во повеќе наврати рекоа дека Русија мора да плати за тоа што го уништи во Украина, рече Шмихал, пренесува Укринформ. Тој додаде дека Владата продолжува да работи со меѓународните партнери за да може имотот на Русија во други земји да биде конфискуван и пренесен за обнова на Украина.