Киев ќе падне за 72 часа: Драматично предупредување од американски генерал

од Vladimir Zorba
341 прегледи

Американскиот генерал Марк Мили им порача на официјалните лица дека Киев може да падне во рок од 72 часа доколку се случи целосна руска инвазија на Украина.

За време на брифингот зад затворени врати на 2 и 3 февруари, Мили истакнал дека руската инвазија на Украина во целост може да резултира со смрт на 15.000 украински војници и 4.000 руски војници.

Неколку американски законодавци изразија загриженост дека администрацијата на Бајден не реагирала брзо за давање значителна воена помош за Украина, како што е противвоздушен и ракетен систем за одбрана од руска инвазија.

Официјални лица од администрацијата на Бајден одговорија на оваа загриженост на состаноците, велејќи дека значителен износ на воена помош за Украина може да се искористи како причина за инвазијата на Украина.

Украина доби 200 милиони долари финансиска помош од САД, додека 600 милиони долари пристигнаа од Обединетото Кралство и балтичките земји.

На брифинзите присуствувале повеќе претставници од администрацијата на Бајден, меѓу кои државниот секретар Ентони Блинкен, секретарот за одбрана Лојд Остин, директорот на Националната разузнавачка служба Аврил Хејнс и генералот Марк Мили.

Слични содржини