Киев ќе ги провери информациите за наводната смрт на началникот на руската Црноморска флота

од Radmila Tasevska
205 прегледи

Украинската војска соопшти дека ќе го разгледа сопствениот извештај за наводната смрт на командантот на руската Црноморска флота Виктор Соколов, откако денеска се појавија негови слики.

Украинската војска вчера објави дека го убила Соколов за време на нападот врз седиштето на Црноморската флота во Севастопол во петокот. Но, денеска, Москва претстави слики кои наводно го прикажуваат Соколов на состанокот со кој претседаваше министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Сликите не можеа да се потврдат дека се од денеска.

-Бидејќи Москва објави слики „со навидум жив Соколов, нашите единици повторно ќе ја проверат информацијата“, соопшти единицата за специјални сили при украинското Министерство за одбрана.

Киев соопшти дека 34 руски офицери биле убиени во нападот со крстаречка ракета во петокот. Многу од нив се уште не се идентификувани, но воени извори првично потврдија дека меѓу жртвите е и Соколов.

Слични содржини