Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, изјави дека Киев никогаш не одбил да преговара со Москва и дека е подготвен за разговори со идниот руски лидер, но не и со Владимир Путин.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Русија останува „отворена“ за преговори, но не може да го стори тоа бидејќи Киев ги отфрла. Турција предлага да се продолжи договорот за жито за една година.
Шефот на регионалната воена управа на Днепропетровск, Валентин Резниченко изјави дека Никопољ во Дњепропетровската област бил гранатиран во текот на ноќта, пренесе „Укринформ“.
Борбите во Украина продолжуваат. Руските сили напаѓаат во правец на Бахмут, Авдијивка и Новопавливка, тврди украинскиот Генералштаб.
Вчера имаше итни прекини на електричната енергија во Киев и во уште седум области. Рестрикции на струја ќе погодат украински градови и во следните две недели, најави директорот на компанијата за производство на електрична енергија ДТЕК Енергетик холдинг, Дмитриј Сахарук.