144
Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска Киев ослободил 106 руски војници кои биле во украинско заробеништво.
Министерството соопшти дека, како резултат на преговарачкиот процес, 106 руски војници кои биле во животна опасност во заробеништво се вратиле денеска од територијата на Украина, пренесе РИА Новости.
Според информациите, руските војници ќе бидат префрлени во Москва на лекување и рехабилитација.