302
Околу 600 квадратни километри од областа Херсон во јужна Украина се под вода, од кои 68 отсто се на левиот брег на реката Дњепар под контрола на Москва, соопштија украинските власти.
Гувернерот на регионот Херсон, Олександр Прокудин, на Телеграм напиша дека просечниот водостој утринава е 5,61 метар, пренесува „Ројтерс“.
Нивото на водата во поплавениот град Нова Каховка, под контрола на Москва, продолжува да паѓа и веќе е намалено за 1,2 метри, соопшти денеска градоначалникот Владимир Леонтиев, пренесува ТАСС.