Киев: Русија истрела 36 ракети, 79-годишна жена загина, седум лица се повредени

од Radmila Tasevska
128 прегледи

Русија истрела 36 крстаречки и други ракети кон Украина, а украинската противвоздушна одбрана собори најмалку 16 од нив, соопштија денес украинските власти.

Една 79-годишна жена загина, а најмалку седум лица се повредени кога проектили го погодиле источниот град Павлоград, изјави украинскиот локален началник Сергеј Лисак.

Регионалниот началник во западна Украина Максим Козицки изјави дека избувнал пожар во критична инфраструктурна постројка во провинцијата Лавов.

Слични содржини