Киев: Русија подготвува нова офанзива за почетокот на следната година

од Stefanija Kuzmanovska
121 прегледи

Високи украински функционери тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува нова голема офанзива за почетокот на следната година, пишува „Гардијан“.

Во интервју за британски весник, украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников рече дека иако Украина во моментов е во состојба успешно да се одбрани од руски ракетни напади насочени кон витална инфраструктура, се појавуваат докази дека Кремљ подготвува нова офанзива од поголеми размери.

Изјавите на Резников ги повторија сличните тврдења на украинските власти за „Економист“ оваа недела, вклучително и украинскиот претседател Владимир Зеленски, началникот на вооружените сили генерал Валериј Залужни и началникот на копнените сили, генерал-полковник Александар Сирскиј, пренесе „Гардијан“.

Слични содржини