Киев се обврзува да не користи оружје со долг дострел против Русија

од Nikola Popovski
201 прегледи

Украина е подготвена да се обврзе да не го користи оружјето со долг дострел што го побара од Запад за напади на руска територија, со исклучок на новите руски региони кои Киев се уште ги смета за своја територија, изјави денеска украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников.

Говорејќи на заедничката прес-конференција на украинската влада и Европската комисија во Киев, Резников рече дека вооружените сили на Украина бараат оружје со дострел до 300 километри, пренесува Тасс.

„Украина е подготвена да обезбеди секакви гаранции дека западното оружје нема да се користи за напади на руска територија. Имаме доволно цели на привремено окупираните украински територии и подготвени сме да ги координираме целите со нашите партнери“, рече министерот.

Соединетите Американски Држави подготвуваат уште еден пакет воена помош за Украина од 2,2 милијарди долари, кој за првпат ќе вклучува оружје со долг дострел, објави во вторникот Ројтерс, цитирајќи двајца неименувани американски претставници.

Слични содржини